Меѓународните институции за човекови права во Западен Балкан

 

Мрежата на комисиите за човекови права и родова еднаквост во Западен Балкан (HUGEN) е основана како неформална мрежа на парламентите, на доброволна основа и принцип, во октомври 2019 година. HUGEN е основана со цел да ги унапреди постојните и да развие нови механизми за регионална парламентарна соработка во однос на човековите права и родовите прашања во регионот на Западен Балкан, како и да овозможи посилен парламентарен надзор на човековите права и родовите закони и политики.

HUGEN мрежата се состои од осум парламенти учесници од регионот на Западен Балкан. Во моментов, 15 комисии за човекови права и родова еднаквост учествуваат во работата на Мрежата. Учеството на комисиите, пратениците и парламентарната служба во Мрежата е на доброволна и инклузивна основа и е во согласност со утврдените регионални практики. HUGEN Мрежата не претставува правен субјект, ниту меѓународен правен субјек – HUGEN не е меѓународна организација.

8

Parliaments

6

Institutions

307

Recommendations

Работата на националните институции за човекови права (НИЧП) е многу важна за заштита и унапредување на човековите права. НИЧП се основни компоненти на ефективниот систем за заштита на човековите права. Може да се смета дека НИЧП претставуваат многу значаен и вреден партнер за парламентите во поддршката на нивната работа и во зајакнувањето на нивните надзорни капацитети.

Оваа онлајн алатка е креирана со цел да се мапираат и следат општите препораки дадени од НИЧП од регионот на Западен Балкан. Со оваа алатка се претставени вкупно 16 различни НИЧП кои се формирани за заштита и унапредување на човековите права. Имајќи предвид дека НИЌП генерално треба да известуваат за својата работа до парламентите на годишна основа, тие извештаи служат како основна компонента за вадење на релевантни податоци и информации.

Алатката ги мапира и следи препораките дадени од народниот правобранител, телата за еднаквост и независните институции кои имаат надлежност да го заштитат и промовираат слободниот пристап до информации и заштита на податоците. Алатката е преведена и достапна на 4 јазици – англиски, албански, БХЦС (босански-хрватски-црногорско-српски) и македонски јазик.